Стопанската комора на северо-западна Македонија одржа работилница за компаниите членки на тема „Синџир на снабдување, дигитализација и однесување на потрошувачите“

15.08.2024 година, Скопје – Во рамките на Центарот за обука на СКСЗМ, во соработка со компанијата членка Insider ID, беше организирана работилница на тема – „Синџир на снабдување, дигитализација и однесување на потрошувачите“, проект поддржан од Европската банка за обнова и развој.
Темите кои беа опфатени на работилницата беа: Општи пазарни индикатори за широка потрошувачка, однесување на потрошувачите и нивното влијание во однос на бизнис моделот, брендирање и лојалност на потрошувачите, дигитализација, како и одлуки базирани на податоци.
Целта на работилницата е да ги опреми учесниците со знаењата и вештините потребни за ефективно имплементирање и користење на дигиталните технологии во рамките на синџирот на снабдување, а со тоа да се зголеми оперативната ефикасност.
Дополнително, оваа работилница ќе им обезбеди на учесниците на компаниите-членки подобрени вештини и способности за имплементација на дигитални стратегии кои ја зголемуваат ефикасноста на синџирот на снабдување, ја подобруваат одговорноста на барањата на клиентите и поттикнуваат поагилни и еластична мрежа на синџирот на снабдување која се усогласува со еволутивните потреби на пазарот.
Стопанската комора на северо-западна Македонија постојано придонесува за градење капацитети и унапредување на компаниите членки, нудејќи обуки според годишниот план на Комората, како и според барањата на компаниите членки. Покрај тоа, СКСЗМ се обидува да создаде соодветна средина за водење бизнис, нудејќи можности за корист од знаењето и најдобрите практики за да остане конкурентна на сè подинамичен пазар.