Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, заедно со оперативната менаџерка, Миранда Ајдини, на средба го пречекаа сопственикот на компанијата INTERCERT, г. Васко Темелкоски, како и менаџерката за продажба, г-ѓа Валентина Темелкоска. Средбата се одвиваше во конструктивна и соработувачка атмосфера, при што беше нагласено значењето на меѓународните стандарди во унапредувањето на квалитетот на услугите.
Во изминатиот период, СКСЗМ ги помина подготвителните фази за сертификација со стандардот ISO 9001:2015, со цел воспоставување, одржување и континуирано унапредување на Системот за управување со квалитет, во согласност со барањата на стандардот. По спроведениот аудит од страна на сертификациската компанија, која воедно е и членка на Комората – INTERCERT, Комората успешно ги исполни сите барања и се стекна со сертификат ISO 9001:2015.
Оваа сертификација претставува значаен индикатор за институционалниот развој на СКСЗМ, одразувајќи ја посветеноста кон одржлив развој, оптимизација на работните процеси и зајакнување на вредноста на услугите за бизнис заедницата.






