Следната средба со компаниите од Полошкиот регион: СКСЗМ го зајакнува дијалогот и соработката со УЈП
15.08.2024, Скопје По средбите со претставници на Управата за јавни приходи, СКСЗМ ја организираше следната средба со компаниите од Полошкиот регион, во просториите на компанијата членка – Хотел Меркур, Тетово.
На оваа средба присуствуваше Извршниот Директор на СКСЗМ г. Зекири, потпретседателот г. Асани, членови на Управниот Одбор и други компании членки на Комората кои работат во овој регион. Бизнисите имаа можност да разговараат и да ги адресираат неизвесностите што ги имаат во однос на практиките и процедурите на Управата за јавни приходи, предлагајќи конкретни решенија за секојдневните предизвици со кои се среќаваат во нивните активности.
Една од главните теми на која се разговараше беше неопходноста од забрзување на процесот на дигитализација на услугите на УЈП и синхронизација на информациите со Дирекциите и другите институции кои се меѓусебно поврзани. Предлогот на членовите на Комората беше да се поедностават некои процедури и да се елиминираат дупликатите податоци, како што е случајот со доказите за податоците во Книгата за дневни финансиски извештаи.
Извршниот директор, г. Зекири ја истакна важноста од борбата против неформалната економија, која претставува сериозна пречка за одржливиот економски развој на државата. Тој изрази загриженост и за несоодветниот третман на бизнисите-членки на СКСЗМ од страна на УЈП, знаејќи дека имаме значителен број на илегални трговци кои работат на пазарот во земјава, и истите не се систематизирани и формализирани, со која што предизвикуваат голема штета на формалните компании.
Друго важно прашање за кое се разговараше беше потребата од систематско решение за плаќање на даноците пред трансакциите.
Претставниците на УЈП истакнаа дека се работи на развој на интегриран автоматски систем, кој ќе ги собира и целосно ќе управува со сите потребни информации на даночните обврзници, со што процесот ќе биде целосно дигитализиран.
Како заклучок, беше одлучено да се создаде редовен канал за комуникација преку кој членовите на СКСЗМ ќе имаат можност да испраќаат предлози и да пријават неправилности кои се среќаваат на пазарот.
СКСЗМ останува посветена на унапредување на продуктивниот дијалог и блиската соработка меѓу приватниот сектор и државните институции, справување со предизвиците и создавање поволни услови за одржлив развој на економијата.