МИСИЈА: СКСЗМ ги организира, унапредува, ги штити интересите и ги промовира бизнисите во земјата и странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција.
ВИЗИЈА: Да стане водечка институција во застапувањето на интересите на бизнисите, како и во создавањето поволна средина за одржлив и инклузивен економски развој.
Раководството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија е целосно посветено на воспоставување, одржување и континуирано подобрување на Системот за менаџмент со квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2015.
Во насока на остварување на својата мисија и визија, Комората се обврзува на:
· Континуирано подобрување на системот за менаџмент со квалитет и неговата ефективност;
· Обезбедување висококвалитетни, навремени и професионални услуги за компаниите членки;
· Усогласеност со применливата законска и регулаторна рамка;
· Идентификување и управување со ризици и можности кои влијаат врз квалитетот на услугите;
· Зголемување на задоволството на компаниите членки преку следење и анализа на нивните потреби и очекувања;
· Развивање на партнерства со јавниот, приватниот и меѓународниот сектор;
· Поддршка на зелена транзиција, одржлив развој и примена на стандарди за квалитет;
· Поттикнување иновации, конкурентност и интернационализација на бизнисите;
· Развој и континуирано унапредување на компетенциите, знаењето и мотивацијата на вработените;
· Обезбедување транспарентност, професионалност и етичност во работењето;
· Ефикасна комуникација со сите заинтересирани страни;
· Обезбедување ресурси потребни за остварување на поставените цели за квалитет.
Политиката за квалитет е јавно достапна и претставува обврска за сите вработени и соработници на Комората.
