Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ придонесува во професионалниот развој на студентите на Саемот за кариера на Универзитетот „Мајка Тереза“

СКСЗМ придонесува во професионалниот развој на студентите на Саемот за кариера на Универзитетот „Мајка Тереза“

СКСЗМ придонесува во професионалниот развој на студентите на Саемот за кариера на Универзитетот „Мајка Тереза“

В.д. Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г. Дурим Зекири, учествуваа на Саемот за кариера, настан организиран од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

За време на настанот, делегацијата на СКСЗМ, заедно со ректорот на УНТ, г. Беким Фетаи, и академскиот кадар на универзитетот, реализираа посети на штандовите на компаниите учеснички.

Меѓу компаниите учеснички со свои штандови беа и компании членки на СКСЗМ.

Во своето обраќање, в.д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, ја истакна важноста од создавање мостови на соработка помеѓу образованието и бизнисот, нагласувајќи дека:
„Ова е одлична можност студентите поблиску да се запознаат со реалните потреби на бизнисите, а компаниите да ги препознаат новите таленти. Ги охрабрувам студентите да бидат активни, да бараат практични можности и да градат мостови на соработка со бизнисите. Воедно, ги повикувам компаниите да продолжат да инвестираат во младите, бидејќи тие се иднината на нашата економија.“

СКСЗМ останува посветена на зајакнување на соработката помеѓу академскиот сектор и бизнис заедницата, поддржувајќи иницијативи кои придонесуваат за професионалниот развој на младите и нивно приближување до барањата на пазарот на трудот.