Претседателот Qyra поканет како говорник на панел дискусија на важни теми за економскиот развој на РСМ, од Факултетот во Хајделберг Скопје

20.08.2024 година, Скопје – Во просториите на Факултетот Хајделберг Скопје се организираше Форумот на кој се одржа дебата на тема „Државните стратегии и предизвиците за одржлив развој на општините. На првиот панел се разговараше за јавните политики на единиците на локалната самоуправа ориентирани кон одржлив развој, како и за подобрување на процесот на управување со економските политики на владата кон влијанието на единиците на локалната самоуправа.

На вториот панел се разговараше за капиталните инвестиции, развојот на инфраструктурата и фискалната децентрализација, како и за предизвиците на земјите кандидати за членство во ЕУ: Независност на единиците на локалната самоуправа.

Претседателот г. Qyra беше поканет како говорник на вториот панел за дискусија, заедно со градоначалникот на општина Куманово, г. Максим Димитриевски, како и градоначалникот на општина Аеродром, г. Дејан Митески.

Г-дин Qyra ја истакна важноста на капиталните инвестиции за РСМ, како клучен елемент за одржлив економски раст и развој. Преку капиталните инвестиции придонесуваме и за работната сила, со создавање подобри услови за живеење и работа во земјата, со што се намалува стапката на невработеност и се стимулира побарувачката за работа во различни сектори. Вреди да се нагласи дека според Агенцијата за вработување над 100.000 активни баратели на работа не можат да ја исполнат потребата на приватниот сектор од 20.000 вработени.

Развојот на инфраструктурата е инкорпорирана и во Платформата за економски развој на РСВ, каде што СКСЗМ предложи некои основни приоритети за подобрена инфраструктура, инвестирање во патната, железничката и граничната инфраструктура, со цел да се олесни слободниот проток на луѓе, стоки, услуги и капитал, како и подобрување на трговската размена со прекуграничните земји.

Во просторот за слободна дискусија, извршниот директор на СКСЗМ, г. Зекири го зеде зборот, споменувајќи го Извештајот за глобална конкурентност, чии показатели покажуваат дека сме земја со најниска стапка на новоосновани компании, како и најниска стапка на нови претприемачи во Европа. Како последица на ова, мора да се преземат мерки и да се креираат развојни политики кои ќе придонесат во сите области, преку која ќе се овозможи повисок животен стандард.