Раководството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, претставувано од Нухи Алиу, в.д. Претседател, Дурим Зекири, Извршен директор, и Сами Морина, Kоординатор на Групацијата за градежништво, урбанизам, животна средина и енергетика, оствари посета кај г. Изет Меџити, по повод неговото назначување на новата функција како Градоначалник на Општина Чаир.
За време на средбата беше потврдено продолжувањето на досегашната соработка и се дискутираше за следните чекори за зајакнување на заедничките активности кои го поддржуваат економскиот развој и локалното претприемништво. Исто така, се разговараше за унапредување на проектите кои директно влијаат на растот на бизнисите и подобрување на економската клима во Општина Чаир.
Беше потенцирано дека општините треба да го насочат својот буџет кон развојни политики преку создавање простор за економија и нови бизниси, со што ќе му се овозможи одржливост на самиот институционален систем, а со тоа побрзо ќе се постигне децентрализација и елиминација на целосната зависност од централната власт.
СКСЗМ ќе продолжи да биде активен и поддржувачки партнер во иницијативите кои придонесуваат за одржлив развој на заедницата и економијата на земјата.






