Home / Вести / Последни вести / Претставничките на Групацијата на жени претприемачи при СКСЗМ дел од „SHE LEADS 2026“

Претставничките на Групацијата на жени претприемачи при СКСЗМ дел од „SHE LEADS 2026“

Претставничките на Групацијата на жени претприемачи при СКСЗМ дел од „SHE LEADS 2026“

Во рамки на заложбите за зајакнување на женското претприемништво и проширување на меѓународната соработка, претставничките на компаниите членки на Групацијата на жени претприемачи при Стопанската комора на Северо-Западна Македонија учествуваа на меѓународниот настан и саем „She Leads 2026“, кој се одржа во Баден, Швајцарија.

На овој настан, кој се смета за еден од најзначајните посветени на жените во бизнисот и лидерството, СКСЗМ беше претставена од претседателката на Групацијата на жени претприемачи, г-ѓа Ќаније Селими, основач на компанијата Qendra Rea, додека присутни беа и други компании членки на групацијата, меѓу кои и г-ѓа Влора Ајдини, претставничка на компанијата Royal Palace. За време на настанот тие ги презентираа активностите и искуствата на своите компании, промовирајќи го потенцијалот на жените претприемачи и создавајќи нови можности за соработка и вмрежување.

Целта на оваа организација беше поттикнување на претприемништвото и воспоставување одржливи деловни контакти, со што се придонесува кон економското и професионалното зајакнување на жените.

На ова издание учествуваа 35 бизниси предводени од жени, а присутни беа претприемачки и претставнички на компании од Северна Македонија, Косово, Албанија и албанската дијаспора, претворајќи го настанот во значајна платформа за размена на искуства, идеи и нови можности за соработка.

Учеството на компаниите членки на СКСЗМ на „She Leads 2026“ го потврдува континуираниот ангажман на Комората за поддршка на жените претприемачи и зајакнување на нивната улога во економскиот и општествениот развој.