Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ на средба со Универзитетот „Мајка Тереза“. Дискусии за доволна и квалификувана работна сила

СКСЗМ на средба со Универзитетот „Мајка Тереза“. Дискусии за доволна и квалификувана работна сила

СКСЗМ на средба со Универзитетот „Мајка Тереза“. Дискусии за доволна и квалификувана работна сила

В.д. претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Нухи Алиу, заедно со извршниот директор, г. Дурим Зекири, беа пречекани на работна средба од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји.

Во рамки на институционалната соработка се разговараше за воспоставување заеднички механизми на соработка, преку кои СКСЗМ ќе се вклучи во процесот на креирање нови наставни програми на сите факултети при Универзитетот „Мајка Тереза“.

Исто така, страните го потенцираа организирањето заеднички активности помеѓу СКСЗМ и Универзитетот „Мајка Тереза“, вклучувајќи обуки, саеми и други иницијативи насочени кон зајакнување на меѓуинституционалната соработка. Ова партнерство има за цел да создаде одржливи мостови помеѓу академската заедница и приватниот сектор, овозможувајќи реализација на практична настава за студентите во компаниите членки на СКСЗМ, организација на Бизнис саеми и „Денови на иновации“ за поттикнување на претприемништвото, како и користење на истражувањата и научните трудови на студентите од втор циклус (магистерски студии) како конкретни решенија за адресирање на реалните предизвици на индустријата.

СКСЗМ го нагласи својот придонес во развојот на образованието и ја изрази подготвеноста да биде активен партнер во соработката со Универзитетот, нудејќи експертиза и практична поддршка за реализација на заеднички проекти што го поврзуваат образованието со потребите на пазарот на труд.

2