Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Дурим Зекири, заедно со членовите на Управниот одбор, учествуваше на свечениот настан организиран од Агенцијата ИНОВА, по повод потпишувањето на договорот за проектот „Грант-шема за поддршка на претпријатија за зелен бизнис“ (Greening Business Facility – GBF).
СКСЗМ ја поздравува оваа иницијатива на Владата, поддржана од Европската Унија, која претставува конкретна можност за малите и средни претпријатија да инвестираат во зелени технологии, енергетска ефикасност и одржливи производствени процеси. Оваа грант-шема е целосно усогласена со заложбите на Комората за зелената трансформација на приватниот сектор.
Како легитимен претставник на бизнис-заедницата, СКСЗМ веќе има докажано лидерство во оваа област преку промоција на одржливи практики и е единствена во земјата и регионот која врши сертификација на зелени бизниси врз основа на професионални и ригорозни критериуми.
Овој активност се одржа во присуство на високи државни претставници, релевантни институции и дипломатскиот кор, вклучувајќи го Премиерот на државата, г. Христијан Мицкоски, како и Амбасадорот на Европската Унија, г. Михалис Рокас, што ја одразува силната институционална и меѓународна поддршка за иницијативите што го промовираат транзицискиот процес кон зелена економија.
СКСЗМ ќе игра активна улога во информирањето, насочувањето и поддршката на компаниите членки, со цел тие максимално да ги искористат придобивките од оваа шема и да го забрзаат нивниот премин кон поконкурентни, почисти и поодржливи бизнис модели.






