Одржана средба меѓу Стопанската комора на северо-западна Македонија и Стопанската комора на Косово: Зајакната е регионалната економска соработка
01 април – Вторник 2025, во просториите на Стопанската комора на северо-западна Македонија (СКСЗМ), денешни гости беа Претседателот на Стопанската комора на Косово, г. Љуљзим Рафуна, неговиот советник г. Халити и Директорот за меѓународни односи г. Мустафа. Гостите беа пречекани од Претседателот на СКСЗМ, г. Менди Ќира, Извршниот директор г. Дурим Зекири, Оперативната менаџерка Миранда Ајдини и Соработник за анализа и истражување Гента Латифи.
Покрај обновувањето на соработката помеѓу овие две големи институции во нивните земји, како и пошироко, се дискутираа и можностите за соработка на проектно ниво преку меѓународни грантови, заедничка работа за елиминирање на различни бариери за трговија помеѓу двете земји, како и размена на експертиза и искуства со цел подобрување на бизнис-климата во нашите земји и унапредување на правната рамка поврзана со економијата.
Mendi Qyra ја поздрави иницијативата на Стопанската комора на Косово за овој денешен состанок, истакнувајќи дека преку заедничка работа можат да се решат многу проблеми, како што е движењето на работната сила помеѓу двете земји, укинување на различните бариери за купување недвижности во Северна Македонија за физички лица, како и многу други нетарифни пречки меѓу нашите земји.
Претседателот Рафуна потенцираше дека тој и институцијата што ја претставува ќе бидат на располагање за поттикнување соработка, со цел двете институции во економската сфера да соработуваат уште поинтензивно.
Создавањето и одржувањето на партнерства е клучно за зајакнување на СКСЗМ и нејзиното влијание во земјата и регионот, и ова го докажува и успехот во последните години, особено основањето на Министерството за енергетика – долгогодишно барање на СКСЗМ, националната стратегија за развој, поништување на Законот за солидарност, големиот придонес во конципирањето на Законот против нефер трговски практики и многу други значајни достигнувања.