СКСЗМ присутна на саемот „Medical and Beauty Fair – Тирана“
Од 11 до 13 април 2025 година, во просториите на Конгресната палата во Тирана се одржува саемот Medical & Beauty Fair, една од најзначајните настани во областа на убавината, естетиката и технологијата за лична нега во регионот, организиран од Трговската и индустриската комора – Тирана.
На настанот присуствуваше и претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra, кој ја изрази својата поддршка за промоцијата и застапувањето на членките на комората на меѓународни настани, со фокус на зајакнување на регионалната соработка и размена на искуства во индустрии со висок потенцијал за раст.
Овој саем ги обединува најпознатите дермо-козметички брендови, иновативна опрема, професионалци од индустријата за убавина и нуди професионални работилници, ексклузивни понуди и можности за вмрежување.
Во ова издание учествува и компанијата членка на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија – Enisa Kadrii Brand, која се претставува како еден од изложувачите со висококвалитетни производи и услуги во областа на естетиката и убавината.
Саемот продолжува до 13 април 2025 година и вклучува низа активности насочени кон најновите иновации во секторот на естетиката и медицинската технологија применета во убавината.