Одржан вториот состанок на Управниот одбор на СКСЗМ: Членовите разговараа за приоритетите на СКСЗМ
27.03.2025 година – Во просториите на компанијата членка Хотел Меркур во Тетово, се одржа вториот состанок на Управниот одбор на СКСЗМ за 2025 година, предводен од претседателот, г. Qyra.
На овој состанок присуствуваа и Претседателот на Собранието на СКСЗМ г. Ејупи, потпретседателите г. Алиу, г. Бериша и г. Асани, при што последниот приреди и заеднички ифтар за сите присутни.
На состанокот беше одобрен мандатот на новите членки на Управниот одбор на СКСЗМ, а тема на дискусија беше и најголемиот престижен економски настан во земјата, но и во регионот, настанот TOP 100™.
По повод 20-годишнината од основањето на СКСЗМ, клучна тема на состанокот беше организацијата на активностите во рамките на истата. Овој значаен јубилеј на Стопанската комора на северозападна Македонија годинава одбележува 2 успешни децении од нејзината посветеност и придонес кон приватниот сектор, како и економијата на земјата.
СКСЗМ продолжува да игра клучна улога во зајакнувањето на приватниот сектор, создавањето нови можности за соработка и застапувањето на интересите на своите членови на локално и регионално ниво.