Home / Вести / Последни вести / Претседателот Qyra го пречека амбасадорот на Република Косово во Северна Македонија, г. Флоријан Ќехаја. Во акцент надминувањето на меѓу државните економски бариери

Претседателот Qyra го пречека амбасадорот на Република Косово во Северна Македонија, г. Флоријан Ќехаја. Во акцент надминувањето на меѓу државните економски бариери

Претседателот Qyra го пречека амбасадорот на Република Косово во Северна Македонија, г. Флоријан Ќехаја. Во акцент надминувањето на меѓу државните економски бариери

21.08.2024 година, Скопје – Во просториите на СКСЗМ се одржа средба со Амбасадорот на Република Косово, кој беше пречекан од г. Qyra, почесниот претседател г. Даути и извршниот директор г. Зекири. На средбата се разговараше за зголемување на учеството на косовските компании на пазарот на Северна Македонија и обратно, при што беше истакнато дека има многу можности за проширување на соработката вклучувајќи различни сектори. Беше спомнат и договорот One Stop Shop, кој има за цел да ги олесни административните процедури за компаниите кои работат меѓу двете земји, овозможувајќи побрз и поефикасен пристап до соодветните пазари.

Друга тема беше реципроцитетот при купувањето имоти во двете земји, каде што двете страни ја истакнаа важноста од еднаков третман на граѓаните и компаниите во имотно-правните работи, што следствено ги зајакнува односите меѓу државите.

Амбасадорот, г. Ќехаја зборуваше и за решението на проблемот и за членството на Косово во ЦЕМТ Унијата (Европска конференција на министерства за транспорт), оценувајќи дека членството на Косово е од суштинско значење за олеснување на меѓународниот транспорт на стоки и за зајакнување на позицијата на Косово на регионалните пазари и меѓународните пазари.

Неговата екселенција, исто така, истакна дека ја гледа СКСЗМ како партнер и дека ќе продолжи да ги води косовските компании во РСМ да станат членки на Стопанската комора на северо-западна Македонија.

Стопанската комора на северо-западна Македонија веќе е многу важен фактор во креирањето на макроекономските политики, одредувањето на правецот на економскиот развој, но и сега со неоспорен придонес за отворање на вратите за надворешно-трговска размена со соседните земји, но и пошироко.