Економската платформа на СКСЗМ се представува пред СДСМ
03.02.2020, Скопје – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија оствари средба со Претседателот на СДСМ г-дин Зоран Заев, како и други претставници од истата партија. Средбите што ги одржува СКСЗМ со политичките партии на прагот на изборите се имаат претворено во традиција, целта на коите е да се презентира Платформата за економски развој на Република Северна Македонија, подготвена од страна на СКСЗМ, која содржи политики и приоритетни мерки, кои ќе придонесат во економскиот развој на земјата. Таа е предводена од фундаменталните принципи врз кои ќе се гради взаемна соработка помеѓу партијата на власт и бизнис заедницата.
Предложената платформа беше презентирана пред СДСМ и содржи реформи во сектори кои се важни за економијата во земјата. Како најважни предложени мерки беа предложени: реформите во администрација, пред се вклучувањето на СКСЗМ во донесувањето одлуки и креирањето на економските политики кои влијаат врз бизнис секторот, функционирањето на правната држава, што претставува клучна точка во подобрување на климата за водење бизнис во земјата. Посебен акцент на платформата за економски развој на СКСЗМ се става и врз завршувањето на инфраструктурните проекти како и реформите во енергетиката, земјоделството, туризмот и други.
Претседателот на СКСЗМ, г-дин Неби Хоџа истакна дека СКСЗМ, заедно со бизнис заедницата влијаат во развојот на економијата на земјата тогаш постои взаемна соработка со државните институции. Ние како СКСЗМ оценуваме дека секоја Влада треба да се посвети кон поддршката на бизнис секторот, бидејќи е докажана метода за долгорочен економски развој.
Од друга страна, претседателот на СДСМ, г. Зоран Заев истакна дека стопанските комори играат многу важна улога во креирањето на микро и макроекономските политики во земјата и имаат многу значајно влијание врз развојот на локалната, но и регионалната и глобалната економија.