Неделата на интегритетот 2020

Претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа присуствуваше на нанастанот од ИЦЦ  Неделата на интегритот 2020 година. Корупцијата како феномен е присутна на сите времиња и места. СКСЗМ секогаш повикува сите да бидат вклучени во изнаоѓање решенија за овој негативен феномен.

“Ние како комора, во нашето секојдневие се соочуваме со разни ситуации кои често знаат да бидат пречки во нашето работење, затоа ние претставуваме силен но и одлучен сојузник за јавноста, граѓаните и бизнисите во патот на креирање солидна правна и слободна држава со добра клима за правење бизнис.”-истакна г.Неби Хоџа.

СКСЗМ, долго време повикува на зацврстување на правниот систем односно правната држава, преку неселктивна примена на законите и независност на судството.