Посветеноста на СКСЗМ дава резултати – Уставниот суд ја започна постапката за Законот за солидарност

По повеќе од една година од поднесувањето на иницијативата на СКСЗМ до Уставниот суд, на вчерашната 30-та седница (20.11.2024), судот одлучи да ја започне постапката за преиспитување на уставноста на Законот за солидарност.

СКСЗМ оценува дека овој закон е противуставен и дека треба да се укине и да им се вратат средствата на сите оштетени фирми со Законот за солидарност.

Стопанската комора на северо-западна Македонија тогаш организираше средба со сите членки засегнати со овој закон, носејќи заедничка одлука за жалба на истиот.