Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го поздравува отворањето на граничниот премин со системот „One Stop Shop“
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија го поздравува отворањето на граничниот премин со системот „One Stop Shop“ помеѓу Република Косово и Северна Македонија како значаен чекор кон унапредување на регионалната економска соработка и олеснување на слободното движење на луѓето и стоките. Овој проект претставува доказ за силата на човечкиот капитал и политичката волја за градење мостови на соработка кои директно влијаат врз подобрување на бизнис-климата.
По овој повод, упатуваме честитки до премиерот на Република Косово, г. Албин Курти, и до премиерот на Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, за ова заедничко достигнување кое испраќа јасна порака за иднината – дека само преку заеднички стратешки проекти можеме да го зајакнеме одржливиот економски развој во нашите земји и во регионот.
Стопанска комора на Северо-Западна Македонија останува посветена да ја поддржи секоја иницијатива што поттикнува економска интеграција и зголемување на конкурентноста на нашите компании.
Потсетуваме дека Комората одамна бараше оваа реформа да се реализира што е можно поскоро, со цел интензивирање на полесната циркулација на стоки и граѓани. Сега е вистинско време Владата да ја реализира автопатската врска Блаце-Скопје, а ЕКСЗМ ќе биде партнер во сите вакви развојни иницијативи.