Home / Вести / Последни вести / Раководство и членството на СКСЗМ учествуваа на настан за поддршка и зајакнување на социјалните претпријатија

Раководство и членството на СКСЗМ учествуваа на настан за поддршка и зајакнување на социјалните претпријатија

Раководство и членството на СКСЗМ учествуваа на настан за поддршка и зајакнување на социјалните претпријатија

В.Д. Претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г. Дурим Зекири, учествуваа на настанот организиран од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, на тема „Промоција на социјалните претпријатија и донаторски настан“.

Во своето поздравно обраќање пред присутните, В.Д. Претседателот на СКСЗМ ја истакна важноста од поддршката на социјалното претприемништво како клучен елемент за одржлив економски развој и создавање нови можности за социјална инклузија, потенцирајќи ја улогата на институциите и бизнис-заедницата во поттикнувањето и унапредувањето на овие иницијативи.

„Промоцијата на социјалното претприемништво не е само прашање на проекти или донации. Таа е инвестиција во општествената кохезија, економската отпорност и иднината на младите“, изјави г. Алиу.

На настанот учествуваа и компании членки на СКСЗМ, кои директно делуваат во областа на општествената одговорност и развојот на социјалните претпријатија, придонесувајќи со своето искуство и ангажман во рамките на оваа иницијатива.

СКСЗМ продолжува да ги поддржува и поттикнува иницијативите за економска и социјална благосостојба, придонесувајќи кон унапредување на соработката, зајакнување на партнерствата и имплементација на конкретни иницијативи.

2