14.01.2026, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, се одржа средба со Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски, кој беше пречекан од В.Д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, Извршниот директор, г. Дурим Зекири, Потпретседателот, г. Јетон Асани, Претседателот на Собранието, г. Назми Ејупи и Почесниот претседател, г. Џемаил Даути.
Целта на средбата беше зајакнување на соработката и промовирање на заеднички иницијативи за економски развој, како и идентификување на можностите за промоција на домашните бизниси на меѓународните пазари.
Разговарајќи за економските предизвици и можности, В.Д. Претседателот, Нухи Алиу, ја истакна важноста на трговската размена и зајакнувањето на бизнисите како начин за придонес во економијата на државата. Тој нагласи дека меѓуинституционалната соработка е неопходна, особено сега кога Министерството има надлежности и во областа на надворешната трговија.
Министерот, г. Муцунски, изјави дека фокусот треба да биде на интензивирање на соработката преку организирање тематски трговски посети и обезбедување логистичка поддршка за време на важни посети на бизнисите во земјата. Тој исто така ја истакна важноста на промоцијата на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор и подобрување на комуникацијата и соработката со дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Министерот подвлече дека систематската поддршка на компаниите со извозен потенцијал директно придонесува за зголемување на додадената вредност во економијата и создава услови за одржлив економски развој.
Исто така, Извршниот директор, г. Зекири, го потенцираше транспортниот сектор како еден од клучните сектори во земјата и ја нагласи потребата за стимулирање на активностите на овој сектор, преку елиминирање на евентуалните бариери и создавање поповолни услови за бизнисите. Тој исто така ја потенцираше важноста од редовна комуникација со конзуларните претставништва и нивна фокусираност на економската дипломатија.
Во меѓувреме, Претседателот на Собранието Назми Ејупи говореше за потребата од поддршка на локалните производители, обезбедувајќи олеснувања за да се зголеми производството и понатаму да се развиваат домашните претпријатија.
Почесниот претседател Џемаил Даути ја нагласи важноста од поттикнување на извозот и отворање на нови можности за домашните бизниси на меѓународните пазари.
Средбата ја истакна важноста од поддршка на компаниите со извозен потенцијал и меѓуинституционалната соработка со цел да се создадат реални можности за раст и развој.






