Home / Вести од членки / Вести / Се одржа V-тата седница на Управниот Одбор на СКСЗМ. Се дискутираа приоритетите за локален економски развој.

Се одржа V-тата седница на Управниот Одбор на СКСЗМ. Се дискутираа приоритетите за локален економски развој.

Се одржа V-тата седница на Управниот Одбор на СКСЗМ. Се дискутираа приоритетите за локален економски развој.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ја реализираше V-тата седница на Управниот Одбор, предводена од в.д. Претседателот г. Нухи Алиу, со присуство на членовите на УО, Претседателот на Собранието, Почесниот претседател, како и Извршниот директор г. Дурим Зекири.

За време на седницата беа разгледани и дискутирани повеќе прашања од значење поврзани со целосната реализација на активностите предвидени за претстојниот период, особено во последниот квартал од годината.

Со посебен акцент беше дискутиран документот „Платформа за локален економски развој на Република Северна Македонија“, традиционално изработен од СКСЗМ по повод Локалните избори 2025 година. Платформата опфаќа низа приоритетни стратешки мерки кои имаат за цел да придонесат кон севкупниот економски развој и подобрување на условите за бизнис заедницата. Документот ќе биде презентиран пред кандидатите за градоначалници, со цел овие мерки да бидат интегрирани во нивните изборни програми и да послужат како основа за креирање на локални развојни политики.

Продолжија и дискусиите за активностите што ќе се реализираат во рамки на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на СКСЗМ, каде што следните активности се средбите со бизнисите во соодветните градови.

Традиционалниот настан „Топ 100“, кој оваа година се организира по 16-ти пат, ќе се одржи во третиот квартал од годината, при што СКСЗМ согласно традицијата ќе продолжи да ги промовира најуспешните компании во РСМ.

СКСЗМ ќе продолжи да биде лојален партнер на бизнисите во застапувањето и заштитата на нивните интереси.