Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ко-организатор на Б2Б настан со делегација на бизниси од Турција

СКСЗМ ко-организатор на Б2Б настан со делегација на бизниси од Турција

СКСЗМ ко-организатор на Б2Б настан со делегација на бизниси од Турција

В.д. претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор Дурим Зекири, учествуваа на Б2Б настан организиран со делегација на бизниси од Турција, односно од Организираната индустриска зона на Анталија.

На овој настан учествуваа и компании членки на СКСЗМ, и тоа: Euroaktiva Gold, Alpak Eko, Eko Teknika и Bis Oil, демонстрирајќи висок интерес за проширување на меѓународната соработка и создавање нови партнерства во соодветните сектори.

За време на настанот, в.д. претседателот Нухи Алиу во своето поздравно обраќање истакна дека „СКСЗМ е силен глас на бизнис заедницата, обединувајќи компании од различни сектори на економијата и континуирано ангажирајќи се за подобрување на бизнис климата, како и за создавање нови можности за соработка и одржлив развој“.

Тој, исто така, потенцираше дека еден од главните приоритети останува интернационализацијата на бизнисите, преку организирање економски форуми, Б2Б средби и трговски мисии, како и овој денешен настан.

СКСЗМ беше одликувана со признание за заедничкиот ангажман и придонес во реализацијата на овој настан, по што настанот продолжи со Б2Б средби, каде компаниите имаа можност да ги презентираат своите активности, да разменат идеи и да истражат конкретни можности за меѓусебна соработка и нови инвестиции.