Скопје, 11 септември 2025 – Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија оствари средба со делегација од Турција, составена од претставници на Генералната дирекција за извоз при Министерството за трговија на Турција, членови на Управниот одбор на Асоцијацијата на извозници на метали, како и претставници на Амбасадата на Турција во РСМ.
На средбата се разговараше за можностите за проширување на економската соработка и за организирањето на Б2Б-настанот, координиран од Министерството за трговија на Турција и Асоцијацијата на извозниците на ферo и неферo метали од Истанбул (İDDMİB), каде СКСЗМ учествуваше заедно со своите компании-членки.
Скопје, 12 септември 2025 – Во рамки на Б2Б-настанот „Бизнис мисија Турција – Северна Македонија“ присуствуваа В.Д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, и извршниот директор, г. Дурим Зекири, заедно со компаниите членки на СКСЗМ: Трим&Лум, Супер Компани, Пофикс, Градис КОО, Плукса, Фата Компани, Лански Ганзгер Зеќири + Партнерс, Ент Билдинг и Инг Лули.
Настанот им овозможи на домашните бизниси можност за директни средби и создавање на нови партнерства со моќни турски компании кои работат во клучни сектори како градежништво, градежни материјали, алати и работна опрема, производи од железо и алуминиум и други.
СКСЗМ останува посветена да обезбедува вакви платформи за поттикнување на економската соработка меѓу домашните и меѓународните компании, отворајќи нови хоризонти за развој и инвестиции.






