10.03.2026, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија се одржа првиот состанок на Управниот одбор за 2026 година, на кој беа истакнати активностите и иницијативите реализирани од страна на СКСЗМ во текот на изминатата година, кои придонесоа за унапредување на интересите на приватниот сектор и за зајакнување на улогата на Комората како значаен глас.
За време на состанокот беше презентиран наративниот и финансискиот извештај за 2025 година, а се дискутираше и за динамиката на работа за претстојниот период, вклучително и активностите што ќе се организираат во рамките на одбележувањето на 20-годишнината на СКСЗМ.
Преку овие активности и иницијативи, СКСЗМ има за цел дополнително да ја зајакне соработката меѓу институциите и бизнис-заедницата, придонесувајќи кон создавање поповолна средина за економски развој.
СКСЗМ и оваа година продолжува да носи нови можности за развој и иницијативи кои ќе ја поттикнат бизнис-заедницата.






