Раководството на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија оствари официјална средба со Министерот за животна средина и просторно планирање, г. Мухамед Хоџа. Целта на средбата беше честитање до г. Хоџа по повод преземањето на новата функција министер, како и дискусија за можностите за институционална соработка помеѓу СКСЗМ и Министерството.
Раководството на СКСЗМ, предводено од В.Д. Претседател г. Нухи Алиу и Извршниот директор г. Дурим Зекири, заедно со Претседателот на Собранието на СКСЗМ г. Назми Ејупи, Почесниот претседател г. Џемаил Даути, како и членови на Управниот одбор, изразија подготвеност за континуирана и конструктивна соработка во функција на одржливиот економски развој, подобрувањето на животната средина и унапредувањето на политиките поврзани со просторното планирање.
В.Д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, ја истакна важноста од активното вклучување на бизнис-заедницата во креирањето и спроведувањето на еколошките политики, нагласувајќи ја потребата од редовен меѓуинституционален дијалог. Тој потенцираше дека СКСЗМ служи како поврзувачки мост меѓу Министерството и приватниот сектор, особено во прашања поврзани со зелената транзиција, примената на еколошките стандарди, олеснувањето на административните процедури и промовирањето на одржливи инвестиции.
Исто така, во рамките на дискусиите, Извршниот директор на СКСЗМ г. Дурим Зекири, зборуваше за значењето на промоцијата на зелените компании и поттикнувањето на одржливоста во бизнисот. Тој нагласи дека креирањето на стимулативни политики за претпријатијата кои инвестираат во чисти технологии, енергетска ефикасност и одржливи практики е суштинско за долгорочен и конкурентен економски развој.
Во овој контекст, Почесниот претседател на СКСЗМ г. Џемаил Даути, ја истакна важноста на Законот за управување со пакување и отпадот од пакување, потенцирајќи ја потребата од негово праведно и ефикасно спроведување во пракса.
Министерот Хоџа нагласи дека Министерството за животна средина и просторно планирање ја смета бизнис-заедницата за важен партнер во градењето на одржлив развој и во усогласувањето на еколошките политики со реалните потреби на економијата.
СКСЗМ ќе продолжи да ги застапува интересите на бизнис-заедницата, нудејќи подготвеност за континуирано ангажирање во иницијативи кои придонесуваат за одржлив развој.





