СКСЗМ оддржа состанок со највисоки владини претставници. Во фокус капиталните инвестиции и други важни теми за бизнисот.

29.07.2024, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на северозападна Македонија, претседателот Qyra заедно со раководството на комората го пречека премиерот на РСМ, г. Мицкоски, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, г. Меџити, вицепремиерот и министер за транспорт, г. Николовски, министерот за финансии, г-ѓа. Димитриеска-Кочоска и министерот за економија, г. Дурмиши.
На оваа средба претседателот Qyra изјави дека капиталните инвестиции се од суштинско значење за стабилна економија и дека Владата мора да ги исполнува барањата на бизнисот во оваа насока, за да се зголеми ефикасноста и конкурентноста на нашата економија во однос на другите земји, што се однесува на економскиот развој.
Меѓу друго, Претседателот Qyra зборуваше и за работната сила како клучен елемент во развојот на бизнисите и економијата воопшто, покренувајќи ја повторно идејата за намалување на придонесите, што ќе им даде предност на компаниите во одржување на квалификувана и мотивирана работна сила.
Исто така, г. Qyra, во инерција на претходните средби, ја отвори и темата за Коридорот 8 и 10-Д, каде побара од владиниот кабинет брзо да ги реализира истите, како најголеми капитални проекти на нашата држава.
Г-дин. Qyra во својот говор зборуваше и за унапредувањето на земјоделството, туризмот а особено и градежништвото, која што претставува еден од главните столбови на нашата економија, барајќи истите сектори да бидат вклучени во сите државни мерки и инцетиви.
Премиерот г. Мицкоски потенцираше дека во октомври стопанствениците ќе имаат на располагање 250 милиони евра кои ќе бидат распределени преку кредитна линија со фиксна каматна стапка од 3.25%, а исто толку од следната година ќе им бидат доделени на општините за реализација на капитални проекти.
Исто така, ќе има 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за бизнисите, а приоритет ќе има производниот сектор, како и дигитализацијата, со цел намалување на сивата економија и зголемување на продуктивноста.
Г. Мицкоски истакна дека актуелната власт е во служба на бизнисите и заедно согласно законот ќе соработуваме за економската благосостојба. Тој потенцираше дека покрај многуте предизвици, Владата ќе се труди максимално да ја реализира владината програма, додека СКСЗМ и бизнисот воопшто ги гледа стратешки партнер во процесот на економски раст.
Првиот вицепремиер г. Изет Меџити ја отвори дискусијата и за патот Скопје-Блаце, за што ќе се разгледат можностите за неговата најбрза реализација.
Министерот за транспорт г. Николовски нагласи дека до крајот на 2026 година ќе биде завршен автопатот Кичево-Охир, додека претставници на СКСЗМ побараа да се ревидираат соодветните закони кои поради експропријација ја одложуваат реализацијата на проектите за патишта во земјава.
Од претставниците на државните економски ресори на средбата беше побарано да работат заедно во корист на бизнисите и економијата на земјата и дека треба да се одржуваат редовни средби со бизнис секторот, со цел да се идентификуваат и решат проблемите што го преокупираат бизнисот.
СКСЗМ побара да се направат реформи во јавните претпријатија поради големите финансиски загуби, но беше побарано и што поскоро да започне процесот на дигитализација на јавниот и приватниот сектор, како главен механизам за намалување на сивата економија.