Home / Вести / Последни вести / NEHO ICE CREAM, најновиот член на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

NEHO ICE CREAM, најновиот член на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

NEHO ICE CREAM, најновиот член на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

16.09.2025 – Во просториите на СКСЗМ, В.Д. Претседателот на Комората, г. Нухи Алиу, Извршниот директор, г. Дурим Зекири, и Оперативната менаџерка, Миранда Ајдини, остварија средба со Комерцијалниот директор, г. Авни Салиу, и Директорот за извоз и развој на пазарот, г. Сокол Зекири, од компанијата Neho Ice Cream. Целта на оваа средба беше поблиско запознавање со историјата, визијата и развојните планови на компанијата, како и поддршката од СКСЗМ за бизнис секторот.

Neho Ice Cream претставува вистинска успешна приказна, која започна како семеен бизнис, а денес е трансформирана во модерна компанија што нуди над 80 различни видови сладолед. Страста за квалитет и иновации ја направија оваа марка една од најпознатите на домашниот и меѓународниот пазар. Во 2024 година, повеќе од 60% од производството на Neho е пласирано на регионални и европски пазари, претворајќи ја компанијата во вистински амбасадор на локалниот вкус и квалитет надвор од границите.

Компанијата Neho има инвестирано во напредни производствени линии и нови магацински капацитети, стремејќи се кон целосна усогласеност со меѓународните стандарди за квалитет и безбедност на храната (IFS). Оваа посветеност ѝ овозможува на компанијата да гарантира премиум производи и да отвори пат кон нови партнерства.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија останува посветена на континуирана поддршка на своите членови, создавајќи можности за вмрежување, нови партнерства и достоинствено претставување на нивните интереси на локално и меѓународно ниво.