Home / Вести / Последни вести / Состанок на СКСЗМ со Комисијата за заштита на конкуренцијата – Зајакнување на механизмите за фер конкуренција

Состанок на СКСЗМ со Комисијата за заштита на конкуренцијата – Зајакнување на механизмите за фер конкуренција

Состанок на СКСЗМ со Комисијата за заштита на конкуренцијата – Зајакнување на механизмите за фер конкуренција

Висока делегација од Стопанската комора на Северо Западна Македонија, предводена од в.д. Претседателот, г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г. Зекири, Претседателот на Собранието, Почесниот претседател и членот на Управниот одбор, одржа работен состанок со Претседателката на Комисијата за заштита на конкуренцијата, г-ѓа Малинка Силјановска Николиќ, и членови на оваа институција – клучен орган за заштита на фер конкуренцијата и функционирањето на пазарната економија, со широки законски овластувања во спречувањето на монополистички практики.

Состанокот имаше за цел информирање на бизнисите за законските обврски за пријавување на концентрации согласно Законот за заштита на конкуренцијата, преку официјално известување подготвено од Комисијата кое ќе се дистрибуира преку стопанските комори, со цел компаниите да бидат запознаени со своите законски обврски и да избегнат санкции.

Од страна на СКСЗМ беше нагласена важноста од создавање на директен механизам за комуникација и формирање на координативен орган за континуирана соработка. Членовите изразија загриженост за претпријатијата со доминантна позиција кои ја  злоупотребуваат својата предност, барајќи системски и долгорочни решенија. Исто така, од СКСЗМ беше побарано целосно спроведување на Законот за забрана на нефер трговски практики – закон за кој самата Комора беше иницијатор, како неопходен инструмент за заштита на бизнисите од неправедни практики и за создавање фер и функционален пазар.

Претседателката на Комисијата ја изрази подготвеноста за тесна соработка, вклучувајќи и ангажман на членовите на Комората во работните групи за законските измени, ценејќи го нивното директна искуство со проблемите на пазарот.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, со години апелира за зајакнување на државните механизми кои гарантираат фер и транспарентен пазар. Целосната функционирање на институциите за мониторинг, вклучувајќи ја Комисијата за заштита на конкуренцијата, е клучен услов за забрана на нефер конкуренција и избегнување на неправедни доминации на пазарот, со што се создаваат еднакви услови за сите економски актери и се поттикнува одржлив развој.