Вршителот на должноста Претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г. Дурим Зекири, Потпретседателот, г. Шпресим Таири, и членот на Управниот одбор, г. Решат Муслиу, остварија средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши.
Средбата имаше за цел зајакнување на институционалната соработка меѓу Собранието и бизнис-заедницата, како и официјално претставување на новиот В.Д. Претседател на СКСЗМ.
Во текот на дискусијата, г. Алиу ја истакна важноста бизнис-заедницата навремено да биде информирана за законите и подзаконските акти кои директно влијаат врз нивната економска активност. Понатаму, Извршниот директор, г. Дурим Зекири, ја потенцира постојаната заложба на СКСЗМ за намалување на ДДВ за продажба на станови од 18% на 5%, како мерка што би го стимулирала градежниот сектор и економијата во целина.
Од своја страна, Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, ја изрази подготвеноста за интензивирање на комуникацијата и соработката со СКСЗМ во насока на адресирање на прашањата од интерес за приватниот сектор.
Членот на Управниот одбор, г. Решат Муслиу, ја нагласи потребата од создавање силна соработка меѓу државата и бизнисот, што би овозможило поефективна соработка и конкретни резултати за двете страни.
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија продолжува со својата мисија да биде мост меѓу бизнисот и институциите, работејќи за создавање на поволна клима за економски развој и благосостојба на заедницата што ја претставува.






