Супер компани присутна на Меѓународниот саем за градежништво во Бурса, Турција
Од 24 до 27 април 2025 година, во Меѓународниот саемски центар во Бурса се одржа Меѓународниот саем за градежништво и недвижности, каде што учествуваше Супер компани, компанија членка на Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Овој саем собра над 1.000 бизнисмени од 70 различни земји од целиот свет, обезбедувајќи платформа за презентација на најнапредните градежни материјали, одржливи технологии и најновите иновации во овој сектор. Настанот послужи и како конкретна можност за истражување на нови пазари за инвестиции и поттикнување нови соработки во градежната индустрија и индустријата за недвижности.
Учеството на Супер компани на овој саем беше реализирано со поддршка на СКСЗМ, во рамките на услугите за организирање и асистирање на компаниите-членки на меѓународни саеми, со цел зголемување на нивното присуство на глобалните пазари и проширување на можностите за меѓународна соработка.
Стопанската комора на северо-западна Македонија продолжува да биде силен партнер во унапредувањето на компаниите-членки, преку обезбедување директна поддршка за зголемување на нивните конкурентски капацитети, промоција на нови пазари и одржлив економски развој преку деловно вмрежување и промовирање на иновации.