Компаниите на СКСЗМ на меѓународната градежна сцена во Истанбул

Стопанската комора на северо-западна Македонија продолжува да биде мост за интернационализација на локалните бизниси. Оваа недела, СКСЗМ е претставена на еден од најважните настани во градежниот сектор – Yapı – Turkeybuild Istanbul, 4-дневен саем што се одржува во Истанбул, Турција и служи како место за средба на професионалците од градежната индустрија од регионот и пошироко од 1978 година.

На овој саем присутни се две компании-членки, Плуска Компани и Градис Коо, кои ги презентираат своите активности и производи, ги истражуваат можностите за соработка, влез на нови пазари и стратешки партнерства во динамична и професионална средина.

Саемот ги обединува клучните индустриски играчи од Турција, Балканот, Северна Африка, Блискиот Исток и Русија и обезбедува идеална платформа за презентирање иновации и развој на бизниси во градежниот сектор.

СКСЗМ организира и асистира на учество на компании членки на меѓународни саеми, со цел да се поддржи растот на извозните капацитети, да се промовираат иновациите и да се зајакне нивната позиција на глобалниот пазар.