Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ почестена со Признание за 15-годишниот придонес од Фондацијата Албиз

СКСЗМ почестена со Признание за 15-годишниот придонес од Фондацијата Албиз

СКСЗМ почестена со Признание за 15-годишниот придонес од Фондацијата Албиз

Раководството на СКСЗМ, предводено од в.д. претседателот г. Алиу, извршниот директор г. Зекири, членовите на Управниот одбор и компании-членки, учествуваа на свечената манифестација организирана од Фондацијата Албиз по повод 15-годишнината од нејзиното основање и промоцијата на XV генерација стипендисти. Овој јубилеј претставува значаен момент за осврт кон досегашниот развој и придонесот на фондацијата во поддршката на талентираните млади во изминатите години.

За време на настанот, СКСЗМ беше наградена со признание за придонесот, соработката и поддршката дадена во текот на 15-годишното дејствување на Фондацијата.

Во овој период, Албиз има поддржано над 500 ученици и повеќе од 2.200 студенти, придонесувајќи директно кон развојот на нивниот потенцијал и кон градењето на пообразовано и поквалификувано општество, со цел задоволување на потребите на пазарот на трудот за квалификувана работна сила.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија нагласува дека соработката помеѓу приватниот сектор и ваквите иницијативи за поддршка на образованието, професионалниот развој и инвестирањето во човечкиот капитал претставува една од клучните столбови за одржлива и конкурентна економија.

Учеството на претставниците на СКСЗМ на овој јубилеј го потврдува континуираниот ангажман за поддршка на проекти и организации кои придонесуваат за унапредување на младите и за градење посигурна иднина за нашето општество.

2