Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ потписник на декларацијата за партнерство и акција „Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ“

СКСЗМ потписник на декларацијата за партнерство и акција „Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ“

СКСЗМ потписник на декларацијата за партнерство и акција „Заедничка посветеност за формализирање на неформалната економија во РСМ“

В.д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор, г. Дурим Зекири, учествуваа на Годишната конференција организирана од Министерството за финансии на РСМ, на тема „Формализирање на неформалната економија: Преку соработка до успех“.

Овој настан ги обедини највисоките претставници на Владата, стопанските комори, организациите на работодавачи, синдикатите, како и претставници на академската заедница, со цел да се адресираат предизвиците поврзани со неформалната економија и да се дискутираат конкретни решенија за зголемување на транспарентноста и фер конкуренцијата на пазарот.

Намалувањето на сивата (неформалната) економија, минимизирањето на корупцијата и нелојалната конкуренција, како предуслов за здрава економска конкурентност, претставува долгорочна стратешка определба на СКСЗМ и е еден од клучните приоритети на нејзиното институционално делување.

Во текот на конференцијата беше потпишана декларација за партнерство и акција помеѓу учесничките страни. Оваа декларација како основни принципи ги опфаќа унапредувањето на законската регулатива, заштитата на правата на работниците, подобрувањето на јавните услуги, стимулирањето на формализацијата преку поддршка на МСП, како и на неформалните работници, креирање инклузивни политики и слично.

СКСЗМ останува посветена активно да придонесува во вакви иницијативи и да го поддржува секој процес што поттикнува транспарентност, фер конкуренција и долгорочен економски развој. Во таа насока, Комората лобира за минимизирање на корупцијата и нелојалната конкуренција, како и за намалување на степенот на сивата економија во РСМ, која претставува значителен процент од БДП на земјата, преку конкретни и долгорочни барања.