ТОП 100™, веќе е заштитена со трговска марка – СКСЗМ

Престижниот настан ТОП 100™ со економски карактер сега е брендиран и заштитен со трговска марка.
СКСЗМ го организира овој настан повеќе од една деценија, и ТОП 100™ како поим е и синоним на Комората, а сега на истата и е прифатено правото на трговска марка од страна на Државниот завод за индустриска сопственост.
Сега е евидентно дека учествувањето во овој специфичен настан за СКСЗМ, и дава чест на вашата компанија да биде дел од уникатен настан не само во земјата, туку и во регионот.
СКСЗМ ќе ја продолжи својата заложба за заштитата на интересот и климата за водење бизнис, и понатаму да се етаблира како најрелевантна институција во земјата.