Претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, г-дин Mendi Qyra, ја пречека на состанок претседателката на Албанскиот бизнис совет – Абу Даби, г-ѓа Валентина Марку. Средбата се одржа во духот на соработка и заедничка визија за зголемување на економските врски меѓу албанските бизниси во дијаспората и оние во нашите земји.
За време на состанокот, се дискутираше за конкретните можности за меѓу институционална економска соработка, како и за отворање нови патишта за бизнисите-членки на СКСЗМ на пазарот на Обединетите Арапски Емирати.
Г-дин Qyra ја нагласи посветеноста на СКСЗМ за поддршка и зајакнување на меѓународниот развој на приватниот сектор, сметајќи го за важен извор на знаење, инвестиции и стратешки контакти.
Од друга страна, г-ѓа Марку ја нагласи важноста на поврзувањето на албанските бизнис мрежи низ целиот свет, како моќна алатка за економски развој и достојно меѓународно претставување.
Понатамошната соработка ќе се фокусира на градење силни мостови и зајакнување на врските меѓу албанските бизниси.





