Home / Вести / Последни вести / СКСЗМ ги пречека студентите од Факултетот за Бизнис и Економија при УЈИЕ

СКСЗМ ги пречека студентите од Факултетот за Бизнис и Економија при УЈИЕ

СКСЗМ ги пречека студентите од Факултетот за Бизнис и Економија при УЈИЕ

14.05.2025, Скопје – Во просториите на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Претседателот г. Qyra и Извршниот директор г. Зекири ги пречекаа студентите од Факултетот за Бизнис и Економија, како и претставници од Студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ, предводени од нивниот претседател, г. Агрон Мухареми. Истите реализираа студиска посета со цел подобро да се запознаат со работата на Комората од нејзиното основање, најновите активности, случувањата во домашната бизнис заедница, како и иницијативите што оваа институција ги презема за создавање на услови младите да ја изградат својата кариера во земјата, избегнувајќи ги аспирациите за миграција.

За време на средбата, Претседателот Qyra ги информираше студентите за мисијата и визијата на Комората, стратешките проекти и влијанието што СКСЗМ го има во унапредувањето на деловната клима во регионот. Тој зборуваше и за предизвиците со кои се соочуваат домашните компании, иницијативите за поддршка на претприемништвото, како и важноста од активното вклучување на младите во економските развојни процеси. Меѓу темите што беа особено истакнати беше и недостигот на квалификувана работна сила, кој г. Qyra го потенцира како една од најсериозните бариери за одржлив раст на приватниот сектор, истакнувајќи ја потребата за подготовка на професионален кадар и за поголема соработка помеѓу образовните институции и пазарот на трудот. Неговата порака до младите беше јасна, нивната иднина треба да ја градат дома – живеејќи и работeјќи во својата земја и придонесувајќи со своето знаење, енергија и способности во личниот, економскиот и општествениот развој на државата.

Директорот г. Зекири ги информираше студентите и за конкретните барања на Комората кои се однесуваат на вклучување на мерки за подобри работни услови, унапредување на образовниот систем за насочување на учениците кон стручни програми и воспоставување на соработка меѓу образовните институции и Комората. Исто така беше потенцирано и долгогодишното барање за зголемување на минималната плата на 500 евра и намалување на придонесите.

Во таа насока, СКСЗМ ја изрази својата подготвеност и останува со отворени врати за студентите кои се заинтересирани за практична работа, повикувајќи ги директно да се обратат во Комората за да бидат поврзани со нејзините компании членки.

На крајот, се одржа отворена дискусија меѓу студентите и раководството на институцијата, која се покажа како корисна и вредна за двете страни.