Regional B2B Event

18.09.2019 Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во соработка со Стопанската Комора на Косово и Трговско-Индустриска Комора во Тирана, оваа година за првпат организираа регионален Б2Б настан. Идејата за организирање на овој настан беше да се реализираат Б2Б средби помеѓу компаните од регионот, вклучувајќи ги Северна Македонија, Албанија и Косово. Најголемиот дел од компаниите беа од следните сектори: Градежништво и градежни материјали, прехранбена индустрија, и трговија на мало. Овој настан е подржан од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Во овој настан, поздравни говори имаа Претседателот на СКСЗМ, г.Неби Хоџа, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г.Зоран Заев, Министерот за Економија г.Крешник Бектеши, и претставникот на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, г.Ерик Јановски.

На овој настан, освен Б2Б средбите, беше организиран и Економски Форум, поделен во два дела. Темата на првиот панел беше „Олеснувањето на трговијата преку институционална соработка помеѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“. Темата на вториот панел беше „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап во пазарите од регионот и пошироко“.

„Конкурентноста на една компанија во голема мера зависи од вмрежувањето која таа компанија ја креирала. СКСЗМ, има создадено одлични предуслови за да ја предводи регионализацијата на компаниите од Северна Македонија. Во оваа насока, фокусот треба да биде во создавањето на можности за проширување на активностите на компаниите во пазарите од регионот“ – потенцираше Претседателот на СКСЗМ, г.Неби Хоџа.

„Соединетите Американски Држави, преку програмите на УСАИД, го поддржува развојот на приватниот сектор во земјата во последните 25 години. Во овој временски период, нашата поддршка е развиено како нашите партнери се развиваат и стануваат самоодржливи. Во текот на годините, ние создадовме врски помеѓу локалните организации и националните институции да работат заедно кон постигнување на заедничките цели. Многу сум горд што Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија го преземаа лидерството за поддржување на локалните бизниси во поврзувањето со странските потрошувачи и зајакнување на нивните врски со регионалните пазари. Ние во УСАИД очекуваме во иднина да го отстапиме водството на локалните организации и институции да ги предводат важните иницијативи за развојот на економијата на Северна Македонија“ – потенцираше Ерик Јановски, директорот на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

Целите на овој голем регионален настан се: запознавање на регионалните бизниси, подобри можности за промовирање на производите и услугите на компаниите, можности за соработка помеѓу компаниите помеѓу важни сектори за економијата на овие држави, отворање на нови можности во овие три пазари за да се прошират и на други пазари како и воспоставување на нови регионални соработки.

Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој што започна во 2017 година, работи на активен начин за зголемување на продуктивноста, приходите и создавање на нови работни места за микро, малите и средните компании, создавајќи одржлив екосистем за бизнисот. Целите на овој проект се: да се подобрат услугите кои се нудаат од СКСЗМ кон компаните, да се подобри пристапот до финансии на компаниите и зголемување на инвестиците на главните компании за подобрување на синџирот на снабдување и развој на работната сила.