Стопанската комора на северо-западна Македонија го претставува новиот финансиски инструмент – кредитната линија ЕИБ7 за поддршка на малите и средните претпријатија и компаниите со среден капитал, поттикнувајќи ја зелената транзиција

23.09.2024, Скопје – Во насока на поддршка на одржливиот економски развој и промовирање на иновациите, Стопанската комора на северо-западна Македонија успешно организираше отворен ден посветен на промоцијата на новиот финансиски инструмент – Кредитната линија ЕИБ7. Оваа активност, организирана во соработка со претставници на Европската инвестициска банка (ЕИБ) и експерти од финансиската индустрија ги собраа компаниите членки на СКСЗМ, со цел да обезбедат детални информации за можностите што ги нуди оваа кредитна линија. Целта на овој финансиски инструмент во износ од 100 милиони евра е да им помогне на малите и средни претпријатија (МСП) како и на компаниите со среден капитал, да ги задоволат своите потреби за обртни средства и инвестиции.

Компаниите членки на СКСЗМ имаа можност да се информираат за поволната каматна стапка до 3,5% годишно за крајните корисници, што е одлична можност за оние кои сакаат да инвестираат во зелени проекти, како и во проширување на нивните капацитети. Ова ќе помогне не само за подобрување на финансиските перформанси на компаниите, туку и за зголемување на енергетската ефикасност и отворање нови работни места во секторот технологија за чиста енергија.

Дел од овој финансиски инструмент се и проекти кои вклучуваат соларни панели и фотоволтаици, системи за складирање енергија, кои имаат голем потенцијал за развој на пазарот на обновливи извори на енергија во Северна Македонија.

Презентери на овој отворен ден беа: Претседателот на Групацијата за градежништво, урбанизам и животна средина и енергетика, г. Сами Морина, г. Ловре Ристевски, г. Симе Пејоски, како и г. Игор Мицкоски. За време на инфо-сесијата, презентерите ја истакнаа важноста на овие технологии за намалување на зависноста од традиционалните извори на енергија, зборувајќи за важноста и ризиците од сончевата енергија во локалните бизниси,  решенија за сончева енергија и складирање батерии, решенија за финансирање, како и европски стандарди за одржливост (ESRs). Стопанската комора на северо-западна Македонија останува посветена на поддршката на компаниите членки, постојано информирајќи ги за можностите за пристап до финансии, пристап кој промовираа одржлив развој и зелена транзиција.