Претседателот и претставниците на СКСЗМ на Форумот за инвестиции и трговија помеѓу Северна Македонија и Турција: Нови можности за бизнис соработка

27.09.2024, Скопје – Се одржа форумот за инвестиции и трговија помеѓу Северна Македонија и Република Турција, форум кој ги собра заедно компании од двете земји и понуди одлична платформа за вмрежување, размена на идеи и истражување на нови можности за соработка.

Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra, во својот говор го истакна континуираниот ангажман на СКСЗМ за зајакнување на економските врски помеѓу двете земји и важноста на трговската размена и партнерствата со турските компании.

„Трговската размена помеѓу Северна Македонија и Турција продолжува да расте, одразувајќи ја посветеноста за зајакнување на економските врски помеѓу двете земји. Во периодот од јануари до јули 2024 година, извозот достигна 94,5 милиони евра, додека увозот изнесуваше 422,6 милиони евра. Овие податоци го покажуваат големиот потенцијал за понатамошен раст во нашата трговија со Турција“, истакна претседателот Qyra во својот говор.

Форумот понуди и можности за вмрежување на компаниите од Северна Македонија и Турција, во кои беа вклучени сите сектори. Во B2B средбите учествуваа и неколку компании членки на СКСЗМ, кои ги претставуваа интересите на бизнис секторот од Северна Македонија.

Стопанската комора на Северо-западна Македонија продолжува да ги поддржува локалните бизниси во градењето меѓународни партнерства, нудејќи им можности за проширување на своите активности и развивање на нови соработки со важни пазари.