Home / Вести / Последни вести / Oдржана работилница во СКСЗМ за плаќањата во евра преку СЕПА

Oдржана работилница во СКСЗМ за плаќањата во евра преку СЕПА

Oдржана работилница во СКСЗМ за плаќањата во евра преку СЕПА

Во Стопанската комора на Северо-Западна Македонија беше организирана работилница од страна на Народната банка, со цел компаниите членки на Комората да се запознаат одблизу со можностите и погодностите од извршувањето на плаќањата во Единствената област за плаќања во евра СЕПА.

Презентацијата ја одржаа директорот на Секторот за операции на финансиски пазари и платни системи г. Игор Величковски и директорката на Дирекцијата за платни системи г-ѓа Билјана Доновска Гечева.

Учесници беа компаниите членки на Комората од секторите трговија на големо и мало, дистрибуција на производи, енергетика, финансии, фармацевтски сектор, адвокатски канцеларии, шпедиција, градежништво, како и услужни дејности.

На работилницата компаниите беа подетално информирани за функционирањето на СЕПА каналот за извршување на плаќањата во евра, и беше отворена дискусија за согледување на практичните искуства, предизвиците, нејаснотиите и други оперативни прашања со кои компаниите се соочиле при неговото користење. Притоа, беа истакнати придобивките од побрзото и ефикасно извршување на плаќањата во евра преку СЕПА во однос на плаќањата преку коресподентските канали, поедноставена стандардизирана процедура за извршување на плаќањата, пониските трошоци и нивната поголема транспарентност и предвидливост, , коешто воедно обезбедува директна поддршка на трговските активности со партнерите од Европската Унија и СЕПА.

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и понатаму останува посветена на обезбедување структурирано информирање и континуирана поддршка за компаниите членки во однос на најновите економски, финансиски и правни случувања, како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво. Во таа насока, Комората ја развива и продлабочува соработката  со државните институции, со цел зајакнување на приватниот сектор и економијата во целина.