15.01.2026, Скопје – Стопанската комора на Северо-Западна Македонија оствари официјална средба со првиот заменик-претседател на Владата на РСМ, г. Беким Сали, кој воедно ја извршува и функцијата министер за европски прашања. Целта на посетата беше упатување честитки по повод преземањето на новата функција, како и дискусија за можностите за понатамошна соработка меѓу СКСЗМ и Владата на РСМ.
На средбата беа отворени значајни прашања поврзани со унапредување на деловната клима, при што беше нагласена потребата од континуирано лобирање за создавање поповолни услови за бизнис заедницата, како и разгледување на предизвиците во царинските постапки и процедурите за лиценцирање на иницијативите поврзани со зелената економија.
Извршниот директор на СКСЗМ, г. Дурим Зекири, истакна дека е важно да се изработи стратегија за дијаспората, со цел да им се овозможи да инвестираат во државата и да придонесат кон одржлив економски развој.
Од своја страна, г. Сали нагласи дека јавните инвестиции ја водат економијата кон нова фаза на раст, истовремено подобрувајќи ја климата за инвестирање. Тој го потенцираше и посветеното ангажирање на Владата за обезбедување одржлив економски развој и сигурна перспектива за бизнисите и граѓаните.
Соработката меѓу СКСЗМ и државните институции е насочена кон создавање поволен деловен амбиент за компаниите и инвестициите, со што се отвораат нови можности за одржлив економски развој во Северна Македонија.






