Home / Вести / Последни вести / Делегација на СКСЗМ во официјална посета кај Градоначалникот на Општина Струга, г. Mendi Qyra

Делегација на СКСЗМ во официјална посета кај Градоначалникот на Општина Струга, г. Mendi Qyra

Делегација на СКСЗМ во официјална посета кај Градоначалникот на Општина Струга, г. Mendi Qyra

Делегација на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денес оствари официјална посета кај Градоначалникот на Општина Струга, г. Mendi Qyra, поранешен претседател на СКСЗМ и една од клучните фигури во институционалниот развој на Комората.

Во делегацијата присуствуваа в.д. претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, извршниот директор, г. Дурим Зеќири, почесниот претседател, г. Џемаил Даути, како и други членови на Управниот одбор и поширокото раководство на Комората.

За време на средбата се разговараше за унапредување на соработката помеѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, создавање поповолни услови за инвестирање во струшкиот регион, како и за заеднички иницијативи кои можат да придонесат кон локален економски развој и зајакнување на туристичкиот сектор.

СКСЗМ високо ја цени посветеноста и искуството на г. Qyra, оценувајќи ја оваа средба како значаен чекор кон зацврстување на институционалното партнерство и поддршката на стопанските субјекти во регионот.