Продолжување на оглас за потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги
за потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа
На барање на потенцијалните корисници и поради зголемена заинтересираност кај истите се продолжува рокот за:
- Доставување на барањата до 30.03 2018 година 16 часот (по локално време).
- Краен рок за поднесување на комплетните апликации е 11.04.2018 година до 16:00 часот (по локално време).
Во останатиот дел огласот останува непроменет.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој го имплементира ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори на Македонија, спроведува постапка за избор на потенцијални корисници на ко-финансирани консултантски услуги – ваучери од делот на стручните работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа и Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручни работи за безбедност. Максималната вредност на ваучерот, во која не е вклучена контрибуцијата на претпријатијата не може да надмине 1,000 УСД во денарска противвредност, за едно претпријатие.
Контрибуцијата која треба да ја обезбедат заинтересираните кандидати се одредува на следниов начин:
(1) Новите претпријатија (не постари од 3.5 години) кои се членки на имплементациските партнери обезбедуваат контрибуција во износ од 10% од вкупната вредност на консултантската услуга (остатокот од 90% од вредноста на ко-финансираната консултантска услуга е покриена со ваучер од Проектот).
(2) Новите претпријатија (не постари од 3.5 години) кои не се членки на имплементациските партнери обезбедуваат контрибуција во износ од 20% од вкупната вредност на консултантската услуга (остатокот од 80% од вредноста на ко-финансираната консултантска услуга е покриена со ваучер од Проектот).
(3) Останатите претпријатијата членки на имплементациските партнери, обезбедуваат контрибуција во износ од 40% од вкупната вредност на консултантската услуга (остатокот од 60% од вредноста на ко-финансираната консултантска услуга е покриена со ваучер од Проектот).
(4) Останатите претпријатијата кои не се членки на имплементациските партнери, обезбедуваат контрибуција во износ од 50% од вкупната вредност на консултантската услуга (остатокот од 50% од вредноста на ко-финансираната консултантска услуга е покриена со ваучер од Проектот).
Заинтересираните кандидати треба да бидат правни лица со регистрирана приоритетна дејност во секторите: 1) Текстил; или 2) Градежништво.
На јавниот повик право за пријавување имаат сите правни лица со регистрирана приоритетна дејност од секторите текстил и градежништво, кои ги исполнуваат наведените услови:
1. Пополнета Пријава (која ќе му биде доставена дополнително само на правното лице кое ќе изрази интерес за учество). Само оние правни лица со целосно уредно пополнета Пријава ќе бидат земени во предвид.
2. Пополнети чек листи (кои ќе му бидат доставени дополнително само на правното лице кое ќе изрази интерес за учество). Чек листите за проверка на усогласеноста на работењето на правното лице задолжително ги пополнува правното лице од областа согласно регистрираната дејност на претпријатието. Истите се анонимни и не влијаат на рангирањето на пријавените кандидати.
3. Правното лице да е регистрирано во Централниот Регистар на Република Македонија, при што се поднесува Извод од тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија, не постар од 1 месец.
4. Правното лице да има домашен или мешовит капитал, при што се поднесува извод од тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија, не постара од 1 месец.
5. Правното лице може да биде микро и мало или средно претпријатие со претежна дејност во секторите градежништво и текстил. Се поднесува извод од тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија, не постаро од 1 месец.
6. Правното лице да не е во процедура на стечај или ликвидација при поднесувањето на пријавата. Се докажува со поднесување на потврди за стечајна и ликвидациона постапка, кои ги издава Централен регистар на Р. Македонија.
7. Правното лице поднесува листинг на вработени лица, кој се издава од Агенција за вработување на Р. Македонија 8. Правното лице не смее да биде евидентирано како учесник во процесот на обуки за потенцијални експерти – даватели на ко-финансирани консултантски услуги, организирани како дел од Проектот.
Исполнувањето на условите правното лице го докажува со доставување Извод од тековна состојба од Централен регистар. Потенцијалните корисници доставуваат и модел Изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност со која го докажуваат исполнувањето на бараните услови. Само избраните правни лица ќе имаат обврска да ги достават овие документи во оригинал.
Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Бројот на одобрени ваучери зависи од одобрениот буџет предвиден за оваа набавка.
Временскиот период за извршување на ангажманот е од април 2018 година до септември 2018 година.
Сите заинтересирани правни лица ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за интерес со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице , ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување и Извод од тековна состојба од Централен регистар не постар од 1 месец.
Барањето да се достави исклучиво преку електронска пошта најдоцна до 30.03.2018 година 16 часот (по локално време) на следната електронска адреса: asutoglu@epicentar.mk. Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.
На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за интерес и Извод од тековна состојба од Централен регистар не постар од 1 месец, ќе им бидат доставени следните документи: 1. Пријава,
2. Чек листи,
3. Изјава за исполнување на услови дадена под морална, материјална и кривична одговорност,
4. Изјава за изречени казни која треба да биде нотарски заверена,
5. Листа на сертифицирани експерти – правни лица од која потенцијалните корисници сами одбираат кој ќе биде изведувач на ко-финансираните услуги – ваучери,
6. Правилник за висина на трошоци за извршување на стручни работи.
Краен рок за поднесување на комплетните апликации е 11.04.2018 година до 16:00 часот (по локално време). Апликациите кои ќе пристигнат по наведениот краен рок ќе се сметаат за задоцнети и нема да бидат земени предвид во натамошната постапка.
Апликациите се поднесуваат на следнава адреса: Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје, ул. Никола Тримпаре 22-2-1, Скопје.