ЈАВЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТСКИ УЛСУГИ

МЕНТОРИРАЊЕ/ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во периодот август 2023 – јуни 2024 година го спроведува Проектот „Зелени бизнис лидери“ © – грант во рамки на проектот на УСАИД „Активност за јакнење на деловниот екосистем“ имплементиран од Консалтинг за стратешки развој и објавува Повик за консултантски услуги за менторирање/обука за управување со отпад

Очекуваните исходи се:

  • Развиена наставна програма за обука на компаниите во безбедното намалување на отпадот и неговото отстранување.
  • Најмалку 10 компании-членки обучени за управување со отпад.
  • План за управување со отпад кој вклучува стратешки пристап за управување со отпад, вклучително и енергетски ефикасни производи, развиен за најмалку 5 компании-членки.
  • Извештај за реализирање на горенаведените активности.

Сите потребни информации и начинот на аплицирање можете да ги најдете во следниот документ.