ДОНЕСЕНА Е УРЕДБАТА: Промената на договорните услови за кредитите на засегнатите граѓани и фирми во текот на вонредната состојба
Со Уредбата се овозможува промената на договорните услови за кредитите да се изврши побрзо и поедноставно, без да се загрози јавното здравје – без да се посетуваат експозитурите и филијалите и без да се чека во ред на шалтерите заради потпишување на анексите на договорите.
Како што веќе беше соопштено, во согласност со донесените регулаторни измени, банките и штедилниците, на засегнатите граѓани и фирми ќе можат да им понудат повеќе поволности:
– одложување односно грејс-период за отплата на кредитите;
– пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период;
– пониска каматна стапка и сл.
Ова важи за сите кредитни производи:
– потрошувачки, станбени, хипотекарни, автомобилски кредити итн.;
– кредитни картички;
– дозволено пречекорување (одобрен минус);
– кредити на фирмите.
За повеќе прочитајте на: http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-2632020.nspx