Членките на СКСЗМ за создавање на поповолни деловни политики

Лојалниот член и еден од основачите на СКСЗМ компанијата Даути Комерц на 28 мај 2020 и подари на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија една анализа со висока деловна вредност.

Во оваа студија во форма на извештај, прикажани се статистички податоци за 6020 најголеми компании во Република Северна Македонија, што истовремено ќе ја олесни работата на СКСЗМ за спроведување на анализи и давањето услуги на своите членки  и пошироко.

Овие 6020 компани во овој извештај се рангираат по неколку критериуми како што се: годишен обрт, нето добивка, број на вработени и др.

Годишниот обрт за 2018 година за сите овие 6020 компани е 20.183.277.719,00 € (eвра), нето добивката 1.415.818.108,00 € (евра) и бројот на вработени изнесува 278.033.

Со помошта на овој извештај компанијата Даути Комерц придонесува за подигнување на стандардите и создавање силен таргет во областа на дејност на СКСЗМ.