Home / Проекти вести / Диаспора Инвест / Презентација на проектот “Диаспора инвестира” во Гостивар

Презентација на проектот “Диаспора инвестира” во Гостивар

  Како да се зголемат надворешните инвестиции во Гостивар беше темата на која разговараа првите луѓе во Полошкиот регион за време на традиционалната Ифтар-вечера.

  Oпштините на Полошкиот регион преку Центарот за развој на плански регион  со партнерите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и проектот на УСАИД за проширување на мали бизниси започна со иницијатива за олеснување и потикнување на овие инвестици со информирање на диаспората и услугите за инвестирање во Полог,инвестици кои што се присутни во голем број во регионот.

Манифестацијата ја отворија градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, гостиварскиот градоначалник, Невзат Бејта и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендес Кучи.

По заедничката презентација на инвестициските можности што постојат во општините што гравитираат во Полог, членовите на Заедницата на бизнис-дијаспората имаа можност да слушнат за неколку успешни примери на бизниси што се финансирани од дијаспората, како и за можноста за воспоставување контакти со бизнисмените што досега успешно инвестирале во Полог.

   Дијаспората е еден од најважните извори на финансии во Полошкиот регион, не само преку финансиски пратки туку и преку скорешно зголемениот интерес за инвестиции. Покрај тоа, досега не се преземени мерки што се фокусирани на стимулирање на инвестиции од дијаспората.

   Затоа започнавме со иницијатива за овозможување и забрзување на овие инвестиции преку информирање на дијаспората за инвестициските можности во Полог, но и прекуи учење од успешните приказни за инвестиции од дијаспората во регионот.

  Настанот е дел од новата иницијатива наречена „Дијаспората инвестира“, која има цел да привлече инвестиции од полошката дијаспора.