Home / Вести / Последни вести / Се формализира соработката меѓу СКСЗМ и ИНОВА, потпишан Меморандум за соработка

Се формализира соработката меѓу СКСЗМ и ИНОВА, потпишан Меморандум за соработка

Се формализира соработката меѓу СКСЗМ и ИНОВА, потпишан Меморандум за соработка

В.д. Претседателот на СКСЗМ, Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор Дурим Зекири, ја пречекаа Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (INOVA), предводена од директорката г-ѓа Даниела Димовска.

За време на средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу СКСЗМ и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво, со што се формализира ново стратешко партнерство кое има за цел да го поттикне економскиот и технолошкиот развој во земјата.

Целта на овој меморандум е создавање партнерство за стимулирање на иновациите, поддршка на претприемништвото и старт-апите, зголемување на конкурентноста на компаниите, како и развој на иновативен и технолошки екосистем. Исто така, договорот има за цел да ја поттикне соработката меѓу универзитетите, приватниот сектор и државните институции.

Оваа соработка претставува значаен чекор кон унапредување на економскиот развој и создавање поповолни услови за домашните бизниси на регионалните и меѓународните пазари.