15.12.2025, Скопје – Во просториите на СКСЗМ, В.Д. Претседателот г. Нухи Алиу, заедно со Извршниот директор г. Дурим Зекири, остварија средба со претставниците на ХАЛКБАНК: Генералниот директор г. Фатих Шахбаз, г. Мухаммед Хаџипази, Извршен директор, како и г. Џан Мемед, Директор за продажба.
За време на средбата се разговараше за значењето на јавно-приватното партнерство, како и за плановите за 2026 година и конкретните форми на соработка помеѓу СКСЗМ и ХАЛКБАНК. Претставниците на ХАЛКБАНК ја изразија подготвеноста да ги поддржат бизнисите, вклучително и поврзувањето со турски компании и со Стопанските комори на Турција, отворајќи нови можности за соработка и инвестиции.
В.Д. Претседателот на СКСЗМ, г. Нухи Алиу, истакна дека Комората секогаш ќе биде искрен и сигурен партнер за бизнис-заедницата, повторно потврдувајќи ја посветеноста на институцијата за зајакнување на стратешките соработки и економскиот развој.
На крајот од средбата, двете страни високо го оценија отворениот и конструктивниот дијалог, изразувајќи подготвеност за понатамошно зајакнување и унапредување на соработката во наредниот период.






