В.Д. Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г. Нухи Аљиу заедно со Извршниот Директор, г. Дурим Зекири, реализираа состанок со новиот генерален директор на HALKBANK АД Скопје, г. Фатих Шахбаз и извршниот директор г. Беркан Имери.
На состанокот се дискутираше за можностите за понатамошно зајакнување на соработката помеѓу Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и HALKBANK АД Скопје, важен партнер и повеќегодишен спонзор на СКСЗМ. Страните ги оценија досегашните резултати од соработката и ги идентификуваа новите области каде што ова партнерство може да се прошири и да донесе конкретни придобивки за бизнис-заедницата.
За време на состанокот беше потенцирано значењето на програмите и иницијативите на банката кои имаат за цел зајакнување на приватниот сектор, преку обезбедување финансиски средства под олеснети услови за инвестиции. Особено беа вреднувани мерките што ги поддржуваат жените во бизнисот, вклучително и специјалните пакети за жени претприемачки, како и програмите насочени кон младите претприемачи (start-up).
Преку овие проекти, HALKBANK АД Скопје има за цел да создаде поодржлив и поподдржувачки екосистем за развој на претприемништвото, додека СКСЗМ ја реафирмира својата подготвеност да обезбеди неопходна платформа за информирање, соработка и вклучување на бизнисите во овие програми.






